ЧСМ Букурешт предводена од Звонко Шундовски, продолжува во победнички ритам во првенството на Романија. Тимот од Букурешт на домашен терен ја победи Стеауа со 24-19 и фати приклучок во водечкта петорка во ромаснкото првенство. Во составот на ЧСМ Букурешт во одлична форма игра Гоце Георгиевски. Македонскиот репрезентативец и на овој меч беше еден од клучните играчи во победата и втор стрелец во екипата со пет гола. Најефикасен во ЧСМ Букуреште со шест гола беше Саша Марјанац.
Во победничка серија е и тимот на Одорхеи кој славеше на домашен терен во дербито со Суд Констанца со 31-27. Горан Кузманоски постигна два гола во победата на Одорхеи, а Гоце Ојлески и Милорад Кукоски не се запишаа во листата на стрелците. Во составот на Констанца без погодок заврши и Бранислав Ангеловски. Михалчеа, Комогоров и Шчач имаа по седум гола за Одорхеи, а со исто толку погодоци Младен Ракчевиќ беше прв стрелец во составот на Констанца.
Победа во ова коло во Романија славеа и Златко Даскаловски и Филип Лазаров со тимот на Темишвар против Фокшани 25-22. Лазаров беше стрелец на три гола за Темишвар.
По 17.коло, Динамо Букурешт е на водечката позиција на табелата со 46 бода. Суд Констанца е на втора позиција со 37 бода, а од 4 до 6.место се Одорхеи (35), ЧСМ Букурешт (33) и Темишвар (25).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА