Првиот човек на хрватскиот ракомет, Зоран Гобац, денеска е во Скопје. Откако претпладнево разговараше со Лино Червар околу шансите македонскиот селектор да се врати во татковината, Гобац вечерва е во СЦ „Јане Сандански“, каде од свечената ложа го следи натпреварот од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Загреб.
Неофицијално, Гобац му оставил конкретна понуда на Червар, а на тренерот на Металург е наскоро да донесе и конечна одлука околу својата иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА