Нова фудбалска трагедија се случи во Ангола, откако стартот на новата сезона во оваа африканска земја го одбележаа нереди на стадионот во Уиге, каде животот го загубија 17 навивачи.
Интересот за дуелот меѓу Санта Рита и Рекреативо до Либоло беше огромен, но проблемите настанаа откако трибините се наполнија, а нова група фанови само неколку минути по почетокот „притискаше“ пред портите за да влезе на стадионот. Во целиот хаос дојде до „стампедо“ во кое починаа 17 лица, а над 60 се повредени.
„Луѓето овде многу ја сакаат Санта Рита и дојдоа да го видат нашиот прв меч сезонава. Полицијата не го обезбеди добро просторот околу стадионот“ – изјави претседателот на домашната екипа, Санта Рита.
И покрај големата трагедија, мечот се доигра до самиот крај, а заврши со триумф на гостинскиот тим од 0-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА