Гостувањето на Металург кај Веспрем во мечот од регионалната СЕХА лига (денеска, 18 ч.) може да биде клучно во разврската на сагата околу назначувањето на новиот селектор на Хрватска, најавуваат хрватските медиуми. „24 сата“ информира дека тренерот на Металург и се уште актуелен селектор на Македонија, и како што пишува порталот „најверојатно иден селектор на Хрватска“, Лино Червар, во Веспрем имал „кафе муабет“ со хрватските репрезентативци – Мирко Алиловиќ, Марко Копљар и со Ренато Сулчиќ.
Повукувајќи се на „сигурни информации од ракометните кругови“, порталот информира и дека во Веспрем е испратен и „човек од доверба“ од Хрватската ракометна федерација кој начелно треба да се договори со Червар околу селекторскиот ангажман, а исто така и со хрватските играчи кои според најавите, ќе се вратат во репрезентацијата за „операцијата“ ЕП 2018 во Хрватска.
фото : 24sata.hr
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА