Роберто де Зерби гласно побара од сите во Тотенхем да покажат храброст и верба во битката за опстанок, откако „спарси“ на 18. позиција влегуваат во последните четири рунди од Премиер-лигата.
Викендов лондонскиот клуб го очекува тешко гостување против Астон Вила, а на италијанскиот стратег му пречи што на Тотенхем се гледа како на веќе испаднат клуб, што влијае и врз атмосферата внатре во екипата.
„Гледав еден новинар како прави анализа и вели дека е невозможно да опстанеме, дека сме веќе испаднати. И потоа – депресија во клубот, сите мислат дека сме испаднат. А реалноста е сосема поинаква, имаме уште четири натпревари да докажеме дека заслужуваме да бидеме тука, дел од елитата. За тоа да се случи мораме да веруваме, не сакам плачковци бидејќи со плачење само уште повеќе ја уриваме атмосферата во екипата. Треба да се излезе на терен,, да се бориш од почеток до крај. Реалноста е дека не сме испаднати, имаме реални шанси за опстанок, но мораме да победуваме. И треба да сториме се за тоа да се случи“, изјави Де Зерби.
Тотенхем во моментов заостанува два бода зад Вест Хем, кој се наоѓа на 17. место кое значи опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
