Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски вечерва и официјално на Свечената церемонија во Луцерн го доби признанието за изборот во „Тимот на 2016 година“ во швајцарската Супер лига.
Сосема очекувано во изборот на најдобрите 11 за изминатава година се најде и Алиоски кој имаше одлична година зад себе во дресот на Лугано.
По ’прекомандата’ која ја доби од дефанзивата во нападот, Езгијан Алиоски вистински блесна во дресот на Лугано по што доби и стандардно место во македонската репрезентација низ актуелниот квалификациски циклус за пласман на СП 2018 во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА