Заврши уште еден ракометен мундијал, со идентичен епилог како и претходниот – Франција е светски шампион. „Триколорите“ играа на домашен терен, што им беше само моти повеќе по загубените европски и олимписки круни да ја задржат барем онаа светската. „Освежени“ со Ремили и Фабрегас, со неповторливите Карабатиќ и Нарсис како лидери, па и со одличниот Жерар во ситуациите кога на Омејер не му одеше, Французите само го потврдија она што се знаеше уште пред овој мундијал, дека се едноставно најдобри во машкиот ракомет, поставувајќи ниво што сите останати понекогаш успеваат да го достигнат, но не и да го задржат низ годините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА