Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи беше стрелец за Осијек на пријателскиот дуел против еден од најдобрите руски клубови, Локомотив Москва.
Хрватскиот прволигаш загуби со 1-2 од Русите. Ејупи единствениот гол за Осијек го постигна во 79. минута од средбата, во тие моменти за израмнување на резултатот на 1-1. Сепак, до крајот, не мечот Локомотив Москва дојде до победата со погодокот на Галаџан во 80. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА