Хрватска загуби од Норвешка (28-25) по продолжение, но Златко Хорват имаше „златна“ можност на истекот на 60.минута да ги однесе Хрватите во големото финале на СП. Но, искусниот хрватски репрезентативец го промаши својот втор седмерец на овој натпревар. Хорват беше „прочитан“ од 22-годишниот голман на Норвешка, Торбјорн Бергеруд.
Норвешкиот голман запиша 16 одбрани, заслужено беше прогласен за играч на натпреварот и заслужено го носи епитетот најзаслужен за првото финале на машката репрезентација на Норвешка на ракометните мундијали.
Погледнете го седмерецот кој од Хорват направи трагичар, а од Бергеруд јунак на СП во Франција:
http://www.dailymotion.com/video/x59wb9u_norway-22-22-croatia-penalty-60-minutes_sport
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА