Рунар Карасон на прес-конференцијата по натпреварот им се заблагодари на македонските ракометари што во последниот напад не тргнаа кон голот на Исланд, со што ќе го елиминиравме денешниот противник од Топ 16 фазата.
„Македонци, фала ви што не шутиравте во последниот напад, бидејќи со гол ќе не исфрлевте од Топ 16 фазата. Игравме добро, дававме лесни голови, но во финишот како да немавме доволно храброст и дозволивме Македонија да се врати. Секако дека ни е жал што не сме трети во групата, но ако се знае дека два пати губевме со по еден гол разлика во последните две минути, мора да сме задоволни од овој бод и пласманот во следната фаза“ – истакна бекот на исландскиот состав.
Селекторот Свеирсон истакна дека има „поделени чувства“, задоволство од пласманот во следната фаза, но и разочарано што Исланд не стигна до победа што ќе го донесеше и третото место на табелата.
„Честитки со Македонија за фер одиграниот натпревар. Задоволен сум што ја минавме следната рунда, тоа ни беше зацртана цел на стартот на овој мундијал. Сепак, исто така сум и разочаран бидејќи бевме толку близу до победата и тоа трето место што го посакувавме, но во последните десет минути ни недостигаше храброст. Македонија одигра добра одбрана во овој период, ни создаде многу проблеми, но на крајот морам да сум задоволен што ќе бидеме дел од нокаут-рундата“ – изјави селекторот Свенсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА