Ѕвездата во ММА, Хабиб Нурмагомедов, го поканил Кристијано Роналдо да му биде секундант во некоја од следните борби.
Фудбалерот на Реал Мадрид е голем љубтел на боречките спортови иако никогаш досега не влегол во рингот. Роналдо и рускиот борец неколкупати се сликаа заедно и меѓусебе се ословуваат со „брат“.
Португалецот ја прифатил поканата да биде дел од тимот на Хабиб Нурмагомедов и ветил дека ќе присустува на еден од мечевите во ММА кога ќе може да се ослободи од своите обврски во Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА