Синоќа на програмата беа три интересни натпревари во рамките од Бизнис-лигата…
Систина без шанси против Уника
Уника 10-4 (5-3) Аџибадем Систина
Уника: Шабан Чупи 8’ 9’ 15’ 37’ Бесими Нухиу 17’ 18’ Љуљзим Каштањева 26’ 30’ 31’ Васко Кокаланов 38’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 1’ Никола Малјановски 9’ 39’Далибор Дамјановиќ 9’
Ефикасно прво полувреме одиграа Систина и Уника, одлично започна натпреварот за екипата на Систина која уште во првата минута успеа да постигне погодок и да го отвори резултатот. Неколку минути подоцна еУника успеа да дојде до израмнување, се до последните минути на полувремето екипите се менуваа во водството во израмнет натпревар. Во последните две минути од полувремето екипата на Уника успеа да искористи два кикса во одбраната на Систина за водство од 5-3 во првото полувреме. Во второто полувреме Систина со чести ротации на играчи се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, вклучувајќи и голман играч во тактиката. Тимот на Уника одлично ја имаше поставено својата игра во одбраната и преку брзи контранапади успеваше да ги казни грешките на Систина. Натпреварот заврши со убедливи 10-4 во корист на Уника.
Макптерол со пресврт до триумф над ЕЛЕМ
Макпетрол 6-4(1-2) ЕЛЕМ
Макпетрол: Мартин Дејаноски 16’ 36’ 37’ Мишо Ѓоргиевски 23’ 36’ Александар Мишоски 37’
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 13’ Горан Николов 13’ Ристо Стефановски 18’ Златко Станкоски 26’
Интересно прво полувреме со многу шанси, атрактивни потези и прекрасни погодоци одиграа екипите на Макптерол и ЕЛЕМ. Прва до водство дојде екипата на ЕЛЕМ со прекрасен погодок на Петровски во 13. минута, Макпетрол имаше брз одговор и во 16. минута го израмни резултатот на 1-1. Сепак до крајот на полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа повторно да дојде до водство реализирајќи еден контра напад во последните минути од полувремето и на паузата да замине со предност од 1-2. Во второто полувреме екипата на Макпетрол тргна жестоко кон голот на ЕЛЕМ со цел да дојде до израмнување, успеа да создадет голем број на шанси, но ЕЛЕМ одлично се бранеше и преку контранапади успеваше да ја казни офанзивната игра на Макпетрол. Во 34. минута резултатот гласеше 2-4 во корист на ЕЛЕМ. Сепак во последните минути од натпреварот екипата на Макпетрол успеа да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со резултат од 6-4.
Одлично второ полувреме на Лукоил
Лукоил 6-2(1-2) Македонски Телеком
Лукоил: Марјан Цветковски 5’ Мартин Алаѓозовски 21’ 25’ 29’ Владимир Секулоски 23’ Лоренцо Николовски 34’
Македонски Телеком: Гоце Филипов 19’ Трајче Крстев 20’
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и Телеком, уште на самиот старт двете екипи започнаа со отворена игра и видовме многу шанси на двете страни. Лукоил одлично го отвори натпреварот со уште поубав погодок од својот голман Цветковски во 5та минута. По примениот погодок екипата на Телеком тргна пожестоко во нападот со цел да дојде до израмнување, успеаја да создадат неколку шанси за погодок и во 19та и 20та минута успеаа да искористат две од нив за да го превземат водството на полувремето со резултат од 1-2. На стартот од второто полувреме Лукоил успеа да постигне гол за израмнување, по овој постигнат погодок играчите на Лукоил добија силен мотив за игра и започнаа со својата препознатлива игра со многу комбинаторика и за кратко време успеаа да го превземат водството. Екипата на Телеком не успеа да се разбуди од шокот на стартот од полувремето и го загуби овој натпревар со убедливи 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА