Шведска останува на тронот на светскиот хокеј на мраз откако скандинавската селекција ја одбрани титулата на мундијалот што во последните десетина дена се одржуваше во Данска.
Во големото финале Швеѓаните за противник ја имаа Швајцарија, која беше најпријатно изненадување на овој шампионат, на патот до финалето елиминирајќи ги Финска и Канада. На крајот пресуди поголемото искуство на скандинавскиот состав, кој во пенал-рулет успеа да слави со 3-2.
Швајцарците имаат за што да жалат бидејќи имаа водство од 0-1 и 1-2, потоа при 2-2 во продолжението промашија неколку зицери. Во пенал рулетот по првите две серии Швајцарија водеше со 0-1, но потоа Швеѓаните погодија два пенали во серија, го свртеа резултатот во своја полза и се задржаа на врвот на светскиот хокеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

