Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, го објави името на својот противник во повратничкиот меч на 9 јули.
Боксерот кој во 2019 година го победи Владимир Кличко и стана ИБФ, ВБА и ВБО светски шампион, се враќа во рингот поради подолга пауза поради суспензија, проблеми со дрогата и борба со депресијата. Последниве месеци тој интензивно тренира и се враќа во старата форма. Неодамна го објави датумот, а сега и противникот за своето враќање во рингот. Тоа е 39-годишниот Сефер Сефери, Албанец кој живее во Швајцарија, а чие родно место е Гостивар.
Сефери има само еден пораз во 24 професионални борби, од пред две години. Оттогаш запиша уште три победи, додека Фјури нема борба од победата против Кличко.
Оттогаш шампионската титула заврши во рацете на Ентони Џошуа кој преговара за дуел со ВБЦ шампионот, Дејтон Вајлдер за обединување на сите титули во тешка категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА