Вечерва на програмата беа полуфиналните пресметки од Бизнис-лигата, на кои можеше да се проследи одличен фудбал.
Лукоил го доби нафташкото дерби
Макпетрол 3-8(0-3) Лукоил
Макпетрол: Мартин Дејаноски 26’ 37’ Мишо Ѓоргиевски 38’
Лукоил: Марјан Цветковски 12’ 25’ Љупчо Апостоловски 16’ 35’ Мартин Алаѓозовски 18’ 40’ Дејан Зиков 24’ Лоренцо Николовски 40’
Првиот полуфинален натпревар го отворија Макпетрол и Лукоил, двете екипи започнаа со жесток ритам на игра и многу офанзивен фудбал. Уште на самиот старт се редеа шанси за гол и на двете страни, екипата на Лукоил беше таа која го отвори резултатот во 12. минута со одличниот погодок на својот голман Цветковски. По оваа негатива Макпетрол направи неколку ротации во тимот и тргна жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, но ваквата отворена игра скапо ги чинеше, екипата на Лукоил преку контра напади успеа до крајот на полувремето да постигне уште два погодоци и на паузата да замине со предност од 0-3. Во второто полувреме Макпетрол фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива, тие во игра уфрлија и голман играч со цел да добијат вишок во нападот, но Лукоил одлично ја имаше поставено играта во одбраната и имаше целосна контрола врз играта и резултатот, за заслужен пласман во финалето.
Рамстор со победа над Уника до финале во Бизнис Лигата
Рамстор 5-3(1-1) Уника
Рамстор: Јахија Кадир 16’ 22’ 36’ Ибрахим Бекир 30’ Ведат Арслан 39’
Уника: Бесими Нухиу 9’ Бенјамин Граинца 27’ Љуљзим Каштањева 32’
Интересно прво полувреме одиграа Рамстор и Уника, првата фаза одмина со игра на средината на теренот во која екипите ги одмеруваа силите, тие се обидуваа со индивидуални акции и удари од далечина да го отворат резултатот. Екипата на Уника во 9. минута успеа во таа намера, но Рамстор неколку минути подоцна реализира еден полуконтра-напад и да го израмни резултатот на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа по неколку шанси за погодок, но голманите со одлични интервенции успеаа да ги сочуваат мрежите мирни. Во второто полувреме двете екипи се определија за поофанзивна игра што ни понуди поефикасно полувреме, Рамстор успеа во 22. минута да дојде до водство. До крајот на натпреварот екипата на Рамстор доста умешно го чуваше своето водство и покрај силниот притисок од страна на Уника да дојде до израмнување. Натпреварот заврши со конечни 5-3 во корист на Рамстор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА