Крис Фрум е победник на годинешното издание на велосипедската трка Џиро Д’Италија. Тој го направи она што му беше потребно, сигурно ја комплетираше денешната завршна, 21 етапа кој се возеше низ Рим и стана првиот Британец со триумф на трката околу Италија.
Со овој успех 33-годишниот Фрум кој е дел од тимот „Скај“ влезе во редот на великаните на велосипедскиот спорт како Еди Меркс и Бернар Ино, кои успеале истовремено да ги имаат трофеите на трите трки од Гранд-серијата. Британецот во моментов ги има титулите и од Тур де Франс и од Вуелта.
„За секој велосипедист најголем сон е да ги има победничките маички на трите трки кои се во десет месеци. Конечно победив и на оваа трка. Ни самиот уште не можам да верувам“ – изјави Фрум по големиот успех.
Фрум во вкупниот поредок беше за 46 секунди подобар од ланскиот победник, Холанѓанецот Том Думулин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА