Иван Марковски го продолжува престојот во Франција

Поранешниот македонски репрезентативец, Иван Марковски, гради успешна тренерска кариера во Франција. Марковски е тренер на францускиот второлигаш Авенсоа со кој деновиве потпиша нов тригодишен договор.

Продолжувањето на соработката начелно беше договорено уште на крајот од минатата сезона, а сега доби и официјална потврда со потпис на новиот тригодишен договор.

„Имаме одлична соработка со менаџментот на клубот, претседателката и директорот на клубот кои ми ја дадоа довербата за следните три години. Имаме слични амбиици и проект клубот во наредните три години да се обиде да влезе во првата француска лига (ЛФХ). Но, сетоа тоа е без никаков притисок, туку со верба во тоа што се работи и со одлична комуникација како рецепт за успех. За кратко време направивме многу со клубот и тоа беше доволна препорака да ја продолжиме соработката“ – вели Иван Марковски.

Пред да ја преземе клупата на Авенсоа, Иван Марковски заедно со Александар Зарков ги поставија темелите и го предводеа Еурофарм Работник.

Се вчитува...