Македонскиот ракометен првак Вардар оствари победа (31-26) над Нексе во СЕХА-лигата, во пресрет на големиот дуел против Барселона во Лигата на шампионите. Тренерот Роберто Парондо не е најзадоволен од играта, но вели дека побеата е сепак најважна.
„Најважното е што победивме и освоивме значајни бодови. Не беше ова наш најдобар меч сезонава. Не е лесно да се игра натпревар со незгоден тим како Нексе, особено по тешкиот дуел со Брест Мешков, а пред Барселона”, истакна Парондо.
Хрватот Иван Чупиќ, исто така потенцира дека триумфот е многу значаен за враќање на тимот во посакуваниот ритам.
„Победивме и тоа е најважно. Нексе се бореше максимално. Се трудеше да игра агресивно и често ја менуваше зоната. Имавме проблеми бидејќи се соочивме со одличен голман на противникот. Сепак, на ваквите мечови искуството доаѓа до израз и тоа го одлучува исходот. Мораме да продолжиме со работа и сигурен сум дека ќе бидеме далеку подобри како ќе поминува времето”, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА