Веспрем на Манасков нокаутиран и во Шведска

Давид Дејвис не ја донесе потребната свежина во Веспрем откако унгарскиот гигант по краткиот блесок се врати на поразите во Лигата на шампионите. Тимот на нашиот Дејан Манасков по минатонеделниот домашен пораз од Рајн-Некар Левен денеска капитулираше и на гостувањето во Шведска против Кристијанштад (32-29), како нова потврда зза огромната криза во која се наоѓа оваа екипа.

Дуелот мина во израмнета битка, Веспрем на крајот од полувремето имаше минимална предност од 14-15, но се беше попусто кога во клучните моменти овој тим не беше на потребното ниво, претрпувајќи го четвртиот европски пораз во седмиот меч од ЛШ сезонава.

Манасков го заврши мечот со три гола, повеќе од него кај Веспрем имаше само Мае (четири), додека најефикасен во победничкиот тим беше Гудмундсон со седум погодоци.

Се вчитува...