Напаѓачот Баже Илијоски е првото засилување на Работнички во зимскиот преоден рок, објави клубот на официјалниот сајт. Тој се враќа во клубот од Дебар Маало и потпиша едногодишен договор со Работнички. Изминатите 12 месеци ги мина во Шкупи, а сега по шести пат во кариерата ќе го носи дресот на Работнички.
Илијоски е најдобриот стрелец во историјата на македонскиот прволигашки фудбал, искусен голгетер на кого Работнички му е „домашна“ средина. Тој дефинитивно ќе биде големо засилување за тимот на Жиица Тасевски во вториот дел од сезоната во Првата фудбалска лига.
Работнички веќе договори и две засилувања од странство, Бугаринот Николај Дилгеров, кој игра на позиција последен играч за врска, и Бразилецот Асуерио Барбоса, напаѓач. Двајцата треба да бидат промовирани откако ќе пристигнат во Скопје, на почетокот на зимските подготовки закажани за 8 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА