Работнички го доби и шестото засилување во овој зимски преоден рок. Бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор е најновата аквизиција во клубот за пролетниот дел од првенството. Тој има 25 години, ќе ја засили навалната линија во тимот и потпиша договор до јули 2020 година.
Барбоса веќе се приклучи на тренинзите на тимот. Тој има настапувано во повеќе бразилски клубови, Гремио Анаполис, Гојас, Линенсе, Апаресиденсе, како и искуство од Бахреин, во клубот Ал Рифа.
Во овој преоден рок, Работнички се засили и со Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА