Србија може да го победи дрим-тимот на САД во Кина

Коби Брајант пристигна во Кина за извлекувањето на групите за СП 2019, а поранешниот американски репрезентативец ќе биде и една од главните ѕвезди на ждрепката што утре ќе се изврши во Шенжен.

Брајант од самото доаѓање во Шенжен се најде во фокусот на јавноста, особено откако јавно ги предупреди своите сонародници дека ќе имаат многу тешка задача да го одбранат златниот медал.

„Да, мислам дека Србија може да го победи дрим-тимот на САД. Станува збор за квалитетен ривал, исто така мислам и дека Србите не се единствените кои можат да го сторат тоа. Затоа, Амеериканците мора да дојдат максимално подготвени во Кина, бидејќи не се непобедливи“ – порача Брајант.

Кошаркарскиот мундијал ќе се одржи во периодот од 31 август до 15 септември. Интересно, САД и Србија би можеле да се сретнат веќе во групната фаза бидејќи нашиот северен сосед не се најде меѓу четирите носители (САД, Кина, Шпанија, Франција), туку извлекувањето ќе го чека од вториот шешир, заедно со селекциите на Аргентина, Литванија и Грција.

Се вчитува...