Аргентина го победи Мароко, но остана без 450.000 евра

Аргентина успеа да слави на гостувањето во Мароко со 0-1, со голот со кој Анхел Кореа го реши победникот на пријателскиот натпревар што се играше во Тангер. Фудбалерот на Атлетико Мадрид најдобро се снајде во 84. минута и го матираше домашниот голман, за малку возбудувања во оваа потпросечна фудбалска претстава.

Лионел Меси поради ситна повреда го пропушти овој натпревар, што ја чинеше Аргентинската Фудбалска Асоцијација 450.000 евра. Имено, доколку Меси одиграше 70 минути од средбата Аргентинците ќе заработеа еден милион евра за ова гостување, но поради отсуството на нивната главна „ѕвезда“ сега ќе мораат да се задоволат „само“ со 550.000 евра.

Се вчитува...