Игор Дуљај не го криеше разочарувањето откако доби отказ од Партизан на пет кола до крајот на српскиот шампионат, по неколкуте слаби партии на „црно-белите“ со кои беше загубена титулата во српскиот шампионат.
Дуљај и во периодот кога Партизан редеше победи се жалеше на несериозен однос на управата поради парите што се должеа на стручниот штаб и фудбалерите, па сега кога и резултатите не беа во негова полза ваквиот конечен исход делуваше неизбежно.
„Да бидам искрен, очекував дека ќе останам до крајот на сезонава. Сепак, веќе неколку пари кажував дека ме чекаат на нож, да згрешам за да ме избркаат. На крајот излезе дека сум бил во право“, изјави Дуљај.
Челниците на Партизан донесоа одлука тимот до крајот на сезонава да го води Алберт Наѓ, кој беше помошник во стручниот штаб на Дуљај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА