Норвежанецот Ерлинг Браут Халанд испиша нови страници во историјата на младинските Мундијали откако постигна неверојатни девет погодоци при победата на својата селекција над Хондурас од 12-0. Норвежаните бркаа што подобра гол-разлика за како третопласирани да влезат во осминафиналето, а во целата ситуација неверојатно ефикасен беше Халанд, кој дури девет пати го матираше противничкиот голман.
Младиот фудбалер, кој е член на австрискиот првак Салцбург, најпрвин постигна четири од петте гола за својата селекција во првото полувреме, за потоа во вториот дел уште пет пати да се запише меѓу стрелците.
Со тоа, Халанд го урна досегашниот рекорд на Бразилецот Адаилтон од 1997 година, кога членот на „кариоките“ постигна шест погодоци на дуелот со Јужна Кореја.
Погодоците на Халанд од овој неповторлив натпревар можете да ги погледнете на ОВОЈ ЛИНК .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА