Поранешниот англиски репрезентативец Џо Харт е пред трансфер во Порто. Тој треба да го наследи Икер Касилјас, кој ја заврши кариерата откако преживеа инфаркт на тренинг пред два месеци. Лекарите му препорачаа дека ќе биде најдобро веќе активно да се натпреварува, а тој доби понуда да остане во Порто во друга улога.
Харт минатата сезона го чуваше голот на Барнли, а претходно 12 години беше член на Манчестер Сити. За него постои интерес и од Астон Вила, Борнмут и од Блекбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА