УЕФА жестоко го казни Динамо Загреб

Хрватскиот шампион Динамо Загреб доби казна за палењето на факелите на домашните навивачи против Борусија Дортмунд во 5. коло од Лигата на шампионите.

УЕФА на „модрите“ им изрече казна од 40.000 евра која мора да ја платат во рок од 90 дена од оваа одлука, додека втората казна е условна.

Доколку инцидентот со факели се повтори во следните две години, Динамо ќе мора да затвори половина од северната трибина за натпревар под покровителство на УЕФА.

Се вчитува...