Веспрем продолжува со доминантни партии на стартот од сезоната во унгарскиот шампионат, откако тимот на Дејан Манасков лесно и убедливо триумфираше и над Татабања со 33-22. Иако станува збор за ривал кој во минатото знаел да му создаде проблеми на фаворитот, овојпат избраниците на Давид Дејвис одиграа беспрекорно, уште во првото полувреме поведоа со 15-10 и до крајот успеаја да стигнат и до двоцифрена победа.
Македонскиот репрезентативец го заврши натпреварот со три постигнати гола, а најефикасни во таборот на Веспрем беа Мае со седум и Тонесен со шест погодоци.
Ова беше успешна увертира за стартот на настапите во Лигата на шампионите, каде во првото коло претстојниот викенд Веспрем ќе го пречека тимот на Мотор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА