Филип Миркуловски и Вецлар ја продолжија триумфалната серија откако вечерва славеа над Магдебург на Филип Кузмановски со 29-28, трета победа во низа за Вецлар во Бундес-лигата.
Мечот беше максимално интересен, Магдебург цел натпревар бркаше негатива, но на крајот успеа да се врати и да се избори за неизвесен финиш. Гостите имаа и напад за израмнување, но Климпке го одбрани последниот шут на Магдебург и донесе огромна радост на домашните ракометари и навивачи.
Миркуловски го заврши натпреварот со три гола од исто толку обиди, додека Кузмановски воопшто не доби шанса за настап.
Хановер приреди големо изненадување совладувајќи го шампионот Фленсбург со 23-22, додека Мелсунген го зеде скалпот на Рајн-Некар Левен, и тоа со убедливи 31-26.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА