Мексиканскиот прволигаш Монтереј ќе го предизвика Ливерпул во полуфиналето од клупскиот Мундијал во Катар откако оваа екипа вечерва славеше во четвртфиналната пресметка против домаќинот Ал Сад со 3-2.
Ванџони со еврогол од 25 метри го доведе Монтереј во водство, а Мексиканците заминаа на одмор со 2-0 откако Фунес ја зголеми предноста по големата грешка на еден од противничките дефанзивци. Ал Сад, чиј тренер е Чави, намали на 2-1, но Пизаро погоди за водство на Монтереј од 3-1, запечатувајќи го пласманот во полуфиналето. Ал Сад до крајот успеа само да го ублажи поразот со голот на Хасан во 89. минута.
Во второто полуфинале јужноамериканскиот првак Гламенго ќе игра против Ал Хилал, откако овој тим триумфираше над Есперанца од Тунис со 1-0. Единствениот погодок за шампионот на Азија го постигна поранешниот голгетер на Лион, Ботафемби Гоми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА