„Простете погрешив – Мислев на Лука ќе му биде потешко“

Легендата на НБА лигата и на Далас Маверикс, Дирк Новицки призна дека погрешил во врска со Лука Дончиќ, сметајќи дека на Словенецот ќе му биде многу потешко да се навикне на најсилната кошаркаска лига во светот.

„Морам да бидам искрен. Мислев дека преминот во НБА лигата во втората сезона ќе му биде многу потежок. Тоа го мислев бидејќи минатата сезона беше неверојатен и сметав дека нема да може тоа уште толку да го подобри сезонава. Напредуваше во сите сегменти. Лука игра како да не е од овој свет. А, јас признавам дека погрешив“, изјави Новицки. 

Дончиќ годинава просечно бележи 29 поени, 9 скока и 10 асистенции по натпревар, а во моментов се опоравува од повредата.

Се вчитува...