Лука Дончиќ работи комплетни тренензи со екипата на Далас, но и натаму е неизвесно дали ќе може да биде дел од составот в четврток во пресметката со Сан Антонио. Словенецот паузираше околу две седмици откако го повреди скочниот зглоб во дуелот со Мајами, испитувањата покажаа само истегнување, па се очекува тој набрзо да се врати на терен.
„Добро се чувствувам. Правиме многу работи за да ја санираме повредата. Ќе видиме како ќе напредува. Сакам само да се вратам на терен бидејќи јас сум натпреварувач. Сакав и порано да се вратам“ – вели Дончиќ.
Дончиќ игра одлична сезона за Далас, веќе урна неколку статистички рекорди и се наметнува како еден од претендентите за признането МВП сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

