Леброн трагичар во битката за Лос Анџелес, шокантни порази на Хјустон и Денвер

Во најинтересниот натпревар од божиќната НБА вечер во САД, дербито на Лос Анџелес им припадна на Клиперси. Шокантни порази, пак, доживеаја Хјустон и Денвер кои загубија од Голден Стејт односно Њу Орлеанс.

ЛА Клиперс славеа против ЛА Лејкерс со 111-106, и покрај тоа што Лејкерси беа тие кои имаа предност во поголемиот дел од мечот. Но, се распаднаа во самиот финиш во ситуација и кога Леброн Џејмс погреши напад во последните секунди овозможувајќи победа на противникот.

Каваи Леонард ги предводеше до триумф со 35 поени и 12 скока, додека кај Лејкерси најефикасен беше Кузма со 25 поени.

Денвер неочекувано загуби од Њу Орлеанс со 112-100. Гостите до триумфот ги предводеше одличниот Брендон Инграм со 31 поен, додека кај Денвер српскиот кошаркар Никола Јокиќ постигна 23 поени, дополнети и со 10 скока.

Голден Стејт приреди сензација со победата од 116-104 над Хјустон. На гостите од Тексас не им помогнаа ниту 30 поени и 12 скока на Расел Вестбрук, како и 24 поени на Џејмс Харден.

Демион Ли со 22 поени и 15 скока предводеше до триумф, ДеАнџело Расел и Дрејмонд Грин постигнаа по 20 поени.

Се вчитува...