Роџер Федерер повторно ја покажа својата хумана страна откако тенискиот великан реши да издвои еден милион долари како донација за семејствата во Африка кои се погодени од кризата со коронавирусот.
Средствата ќе бидат дистрибуирани преку институциите во неколку африкански земји, а се најавува дека со нив ќе им биде обезбедена помош на 64.000 деца од овој континент и на нивните семејства.
Ова е уште една во низата донации на Швајцарецот, кој минатиот месец помогна со еден милион франци за медицинскиот фонд во татковината за борба против Ковид-19 вирусот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА