Тајсон доби понуда – 20 милиони долари за борба без ракавици

Само едно видео од тренинг на Мајк Тајсон беше доволно за поранешната боксерска „ѕвезда“ повторно да добие фантастична понуда за враќање во рингот. Интересно, понудата пристигна од Боксерската Федерација за борби без ракавици, која му нуди на Тајсон 20 милиони долари за една борба.

„Точно е, му понудивме 20 милиони долари за борба во нашиот спорт, но подготвени сме и за други видови на соработка доколку тој е заинтересиран. Откако видовме како тренира, имаме огромна желба да организираме негова борба во ринг“, изјави Дејвид Фелдман, претседател на Боксерската Федерација за борби без ракавици.

Тајсон засега молчи и не открива кога би можел повторно да боксува, а фановите почнаа да сонуваат за негов нов дуел со Ивандер Холифилд, откако овој ветеран исто така објави дека е подготвен за камбек во рингот.

Се вчитува...