Нејмар постигна три гола во победата на Бразил над Перу од 4-2 во квалфикациите за Светското првенство во Катар 2022 година. Одбранбениот фудбалер на Перу, Карлос Замбрано вели дека најдобриот бразилски фудблер е само еден обичен кловн.
„Нејмар е голем фудбалер еден од најдобрите во светот и тоа го докажа на овој натпревар. Меѓутоа, потврди дека е вистински кловн. Секој контакт кој го има со противникот го користи како би паднал театрално и почне да се врти по теренот, а во казнениот простор не сакам ни да коментирам што се прави само за да добие пенал. Четири или пет пати на мечот против нас се обиде да одглуми пенал, а два пати му беше досуден. Ниту една од тие ситуации не беше пенал“, изјави Замбрано.
Со трите гола Нејмар го помина Роналдо на вечната листа на најдобри стрелци во репрезентацијата на „кариоките“ и сега пред него се наоѓа само легендарниот Пеле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА