Ферстапен: Ако се решам да заминам од Ред Бул, парите нема да бидат пресудни

Луис Хамилтон во моментов ја вози последната сезона за Мерцедес, а потоа се сели во Ферари. Челниците на Мерцедес со тоа бараат возач кој ќе го замени Британецот, а почна да се шпекулира со актуелниот првак Макс Ферстапен со договор дури од 150 милиони фунти.

Ферстапен ги коментираше тие гласини пред трката за ГН на САД во Мајами, не давајќи конкретен одговор околу плановите за иднината.

„Мојата иднина е со Ред Бул. Да постои и понуда од 150 милиони фунти, парите нема да бидат пресуден фактор ако се одлучам да заминам. Задоволен сум од тоа што го заработувам. Доколку би знаел дека се борам за 5-6 место, тогаш не би заминал. Сите знаат дека успехот ми е на прво место. Верувам во овој проект и сите вклучени во него, но животот никогаш не знаеш што ти носи“, рече Ферстапен.

Се вчитува...