Во насока на засилена промоција на кошаркарската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од Првата македонска кошаркарска лига. Јасно е дека пандемијата на коронавирусот сериозно ќе влијае на навремено одигрување, без никакво одложување, на сите натпревари од актуелно коло, поради што во изборот влегуваат натпреварите кои единствено се одиграле согласно протоколите за заштита од Ковид-19.
Изминатиов викенд ширум салите во Македонија беа одиграни четири натпревари од кои со два бода заминаа Работнички, Академија ФМП, Гостивар и Црн Дрим. Импресивни натпревари одиграа голем број на играчи, а во продолжение погледнете го изборот на иделната петорка на ЕКИПА.

Андреј Настовски го предводеше Црн Дрим до првата победа во Првата лига за тимот од Струга со дабл-дабл учинок од 21 поен и 13 скока, Малколм Армстед блесна од клупата за прв триумф на Гостивар сезонава со 28 поени, 8 скока и 6 украдени топки, додека фантастичен дуел имаше и Стефан Крстајиќ кој го предводеше составот од Кисела Вода до триумф над Куманово.
Од високите играчи Кире Николовски потсети на своите најдобри денови со 22 поени и одлични 4/6 за три поени за Работнички против Кожув, додека Александар Андрејевиќ од Куманово оствари нов дабл-дабл учинок, овој пат од 24 поени и 13 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
