КФСМ информира дека привремено ја стопира кошарката во нашта земја, поради настапот на македонските тимови во регионалните натпреварувања. Работнички и МЗТ Скопје се веќе на Златибор каде се игра балонот во АБА 2, додека свои настапи во БИБЛ лигата ќе имаат КК Куманово и КК ТФТ.
„Ве известуваме дека 4. коло од Првата лига-мажи, закажано за 11.11.2020 година СЕ ОДЛОЖУВА поради настап на екипите на КК Работнички и КК МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата, настап на екипите на КК Куманово 2009 и КК ТФТ во БИБЛ лигата и излегувањето од изолацијата на екипите на КК Вардар и КК Пелистер на кој им е потребен одреден временски период за подготовка за следните натпревари. Колото број 4 се презакажува за 14.11.2020 година, а останатите првенствени кола од Првата лига-мажи се поместуваат“, стои во соопштението на КФСМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

