Кобрат Пулев креваше голема врева во пресрет на борбата со Ентони Џошуа, но бугарскиот боксер не ја оправда улогата на предизвикувач за трофеите во самиот ринг. Борбата мина во апсолутна доминација на Британецот, кој со технички нокаут во деветтата рунда го реши Пулев, покажувајќи му дека разликата меѓу нив е во класи.
Бугаринот по борбата најде изговор за своето слабо издание, откривајќи ја тајната што ја чувал во изминатиот период – дека прележал коронавирус, што се одразило врз неговата форма.
„Имав коронавирус, три седмици бев без ниту еден тренинг. Не барам оправдание, самиот сум си виновен. Не сакав никој да знае. Најважно е што сега сум супер“, изјави Пулев за бугарската телевизија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА