НБА отвори истрага против Клиперс за потписот на Кавај Ленард

НБА лигата ги истражува обвинувањата на сметка на ЛА Клиперс и консултантот Џери Вест во врска со доведувањето на Кавај Ленард во 2019 како слободен агент. Извесен Џон Вилкс кој тврди да е близок со Ленард и добар пријател со неговиот вујко, Денис Робертсон, му предаде на Вишиот суд во Лос Анџелес обвинение против Вест и Клиперс.

Тој тврди дека франшизата му должи 2.5 милиони долари поради усмен договор околу тоа да им помогне Ленард да потпише за Клиперс. По објавувањето на веста дека се обвинети се јавија од клубот од ЛА.

„Тужбата која ја поднесе Џон Вилкс е полна со неточни информации и обвиненијата се без основа. ЛА Клиперс во потполност соработува со НБА во истрагата, што е стандард кога ќе се појават обвиненија од овој тип. Обезбедуваме докази за НБА дека обвиненијата се лажни“, стои во соопштението од ЛА Клиперс. 

 

Се вчитува...