Ќе успее ли Црн Дрим да го запре расположениот Пелистер?

Прволигашката кошарка продолжува денеска од 13:30 часот во Струга каде новалијата Црн Дрим ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз на Пелистер оваа сезона.

Стружани денеска ќе се обидат да го изненадат фаворизираниот тим од Битола и да му го наметнат првиот пораз сезоната, а покрај тоа и да ја прекинат својата „црна“ серија од два пораза во низа. Во таборот на Црн Дрим владее оптимизам, противникот е „прочитан“, а на младите играчи им останува да го исполнат она што е договорено.

„Не очекува тежок натпревар против фаворизираната екипа која доаѓа со три убедливи победи во три одиграни кола до сега. Но, и ние имаме свој мотив, а тоа е да се докажаеме во што подобро светло против искусни играчи. Атмосферата во тимот е одлична, како адут ние треба да ја искористиме нашата младст и брзина, како и да ги запреме нивните доминантни високи играчи за да се надеваме на добар натпревар“ – изјави младиот Андреја Атанасов.

Пелистер одлично ја започна сезоната, со три убедливи победи на кои „зелено-белите“ три пати ја надминаа границата од 100 постигнати поени. Тимот се наоѓа до добар ритам и покрај тоа што голем дел од играчите за прв пат заиграа заедно оваа сезона, но во битолскиот состав одат чекор по чекор, а најдоброто допрва следува.

„Многу корисен натпревар за нас бидејќи полека фаќаме натпреварувачки ритам и од натпревар во натпревар целта ни е да ги намалиме грешките и да се запознаваме уште подобро. Никако не ја потценуваме екипата на Црн Дрим која е составена од млади играчи кои се желни за докажуваме. Играат брза кошарка без никаков притисок и најчесто такви екипи знаат да направат проблем на фаворизираните. Затоа нашата главна цел на овој натпревар е да влеземе со максимален пристапи и да ја наметнеме нашата препознатлива игра. Не летаме во облаци по трите победи во првите три натпревари, напротив работиме напорно за периодот кој следи“ – изјави бекот на битолчани, Бобан Стајиќ.

Се вчитува...