Кошаркарите на Пелистер без посериозни проблеми славеа убедливо со 70-102 на гостувањето против Црн Дрим во 9. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Уште во првата четвртина гостите добивајќи ја со 15-31 јасно навестија дека не размислуваат на ништо освен победа на дуелот. Рутински ја одржуваа и зголемуваа предноста низ секој период од играта за на крајот убедлива победа од 32 поени разлика.
Пет кошаркари беа двоцифрени во таборот на Пелистер а Кесар беше најефикасен со 26 поени, дополнети и со шест скока. Малешевиќ постигна 20 поени, а Трајковски го заврши натпреварот со 13 поени.
Клусен со 16 поени беше најдобар поединец во таборот на домашните, Атанасов постигна 15 поени а Скекиќ заврши со 14 поени.
За Пелистер ова беше четврта победа во исто толку натпревари, додека Црн Дрим во петтиот натпревар сезонава го запиша и четвртиот пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

