Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во излагањето на почетокот од Собранието на „куќата на ракометот“ се осврна и на настапот на нашиот национален тим на СП во Египет.
Мукаетов не го криеше разочарувањето, не само од резултатите, туку пред се од игрите на „црвено-жолтите“, потенцирајќи дека селекторската смена била неминовна, како дел од коренитите промени што се неопходни.
„Со добивањето на повик во последен момент бевме подготвени и прифативме да учествуваме на СП 2021 во Египет, одржувајќи го континуитетот од настапи на големите натпреварувања. За жал, шампионатот го завршивме со една победа и пет порази, но многу повеќе од резултатскиот аспект боли однесувањето на одредени поединци кои националниот дрес. Она што се случи во Каиро беше мачно за гледање. Јасно е дека се потребни коренити промени, тоа е нов селектор со мобилизирање на сите домашни ресурси, ако има потреба и земање на помош од надвор, за унифицирање на ракометната стратегија во нашата држава“, изјави Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА