Мајк Тајсон е подготвен за нова борба по враќањето во рингот, и тоа со спектакуларна боксерска легенда. Иако долго време беше најавувано дека Ивандер Холифилд ќе биде следниот ривал на „челичниот Мајк“, сепак Тајсон реши повторно да влезе во рингот против Ленокс Луис.
Британецот, кој своевремено беше апсолутен боксерски шампион, неодамна во изјава го критикуваше Тајсон изјавувајќи дека дури и кога бил на врвот, Мајк бил еднодимензионален и преценет боксер. Тоа беше најавено како провокација од Ленокс во обид да се стигне до нова борба со Тајсон, нешто што во изминатите седмици интензивно се преговарало. Начелно двете страни се договориле оваа супер-борба да се одржи во месец септември, а точниот датум и местото на нејзиното одржување ќе бидат дополнително одредени.
Луис и Тајсон се сретнаа во 2002 година, Британецот тогаш беше шампион на ВБЦ, ИБФ и ИБО, додека американскиот ветеран на 36-годишна возраст се наоѓаше на залезот на кариерата. И покрај гласните најави на Тајсон за лесна победа, Луис беше подобар и ја доби борбата со нокаут во осмата рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА