Ливерпул ќе пазарува од Мадрид: Клоп тргнува по Еден Азар како големо зимско засилување

Ливерпул ќе има доста проблеми во јануари, бидејќи ќе биде без главниот напаѓачки тандем Садио Мане и Мохамед Салах, кои ќе играат на Африканскиот куп на нации за своите репрезентации Сенегал и Египет.

Менаџерот Јирген Клоп побарал од раководството на клубот да го доведат Еден Азар од Реал Мадрид. Белгиецот комплетно исчезна од „мапата“ во таборот на „кралевите“ поради честите повреди.

Германецот верува дека Азар може да биде од голема помош, особено овој месец кога Ливерпул ќе биде без Мане и Салах. Сепак, раководството на „црвените“ не е премногу расположено да дава голема плата на фудбалер, кој реално ќе биде резерва, кога овие двајца фудбалери ќе се вратат во стројот.

Се вчитува...