Фазли повторно си замина од Македонија ЃП и се враќа во Казахстан

Само неколку дена откако беше промовиран во ново засилување за Македонија ЃП, сепак, Самир Фазли нема да игра за овој тим, туку се враќа во Казахстан и ќе потпише за Туран.

Фазли веќе играше за Туран, а на крајот од јануари беше пред потпис во Аксу. Но, откако не успеа да се договори, се врати во Македонија ЃП. Меѓутоа сега одново се појави интерес од Туран, по што дознаваме дека Фазли веќе е во Казахстан каде што чека промоција.

Во минатото Фазли играше за Херенвен, Вил, Шкендија и Рудеш.

Се вчитува...