Генерација на Кире Лазаров: Вори ја прекина пензијата и ќе игра во Бундес-лигата

Ветерaните се во мода во европскиот ракомет, па така бундеслигашот Фуксе Берлин денеска ја шокираше јавноста со објаватадека е потпишан договор со хрватскиот пивот Игор Вори.

Овој 41-годишен ракометар, кој е врсник на нашиот Кире Лазаров, веќе три години е во пензија, моментно ја извршува функцијата спортски директор на хрватската репрезентација, но на крајот сепак ја прифати понудата да заигра повторно ракомет, потпишувајќи договор за наредните три месеци.

Вори е принудна опција за Фуксе Берлин откако првиот пивот на тимот, Јохан Кох, заработи тешка повреда и ќе отсуствува до крајот на сезонава.

„Голем дел од играчите го знаат Вори и слушнавме само позитивни работи за него. Ако слета денеска тој веднаш ќе почне со тренинзи, па ќе видиме кога ќе биде подготвен за настап“, изјави тренерот на Фуксе Берлин.

Се вчитува...