Битолчани долго време немоќно ја следеа вардаровата доминација на македонската ракометна сцена, но вечерва ги дочекаа своите „пет минути“, откако Еурофарм Пелистер славеше среде Скопје и ја презеде пол-позицијата во трката за титулата.
„Чкембари“ полудеа од среќа во завршницата, еуфорично ги поздравија ракометарите во „Јане Сандански“, а еден од нив успеа и да испрати „поздрав“ до „Комитите“ на спротивната трибина, покажувајќи им го разголениот задник.
Едно е сигурно, ништо не е завршено во трката за титулата, а последното дерби во Битола ќе биде најдраматичниот дуел во мак-ракометот во последните седум-осум години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА