ВИДЕО: Тензичниот финиш на големото дерби – Кизиќ одбрани победа, Стоилов исклучен поради конфликт со судијата Начевски!

Повеќе од драматичен финиш на големата ракометна дерби пресметка меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер која на крај им припадна на битолчани со 23-25.

Но, се до последните секунди крајно неизвесна пресметка иако Еурофарм Пелистер на пет минути пред крајот имаше и предност од 20-24. Но, потоа „вардарци“ дојдоа брзо до 23-24, за да во самиот финиш Томовски одбрани зицер на Мараш. Но, откако Томовски го запре ударот на ракометарот на битолчани, Вардар имаше напад за израмнување во последната минута. Одговорноста ја презеде младиот Додиќ, но Кизиќ го запре неговиот удар и му ја донесе победата на Еурофарм Пелистер.

На крајот исклучување и за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов кој се впушти во конфликт најпрво со делегатот на натпреварот а потоа и со судијата Начевски од кого доби црвен картон…

Се вчитува...